Се испофалија со Законот, а не го почитуваат: Работниците од културата без исплата за работата во недела

t

Дел од институциите од културата не исплатиле плата за месец јануари, соопшти Синдикатот на културата.

Оттаму велат дека овие институции пресметките за плата ги направиле согласно последните измени на Законот за работни односи за недела како неработен ден, па како што објаснуваат, Министерството за култура очигледно не знае како да ги процесира.

Другиот дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена.

Според СКРМ, ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите.

– Поради тоа, итно бараме јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден. Исто така, бараме од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи. Во спротивно, СКРМ ќе започне правни постапки за заштита на правата на вработените во културата“ – се вели во соопштението

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Путин: Односите помеѓу Русија и Обединтеи Арапски…

Претседателот на Русија ја опиша блискоисточната земја…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…

Стопанската комора најави дека ќе го оспори…

Носењето на Законот за данок на солидарност…

Левица бара дуплирање на роковите за застареност:…

Во својот говор пратеникот Димитар Апасиев за…