Се косат нараснатите тревни површини низ општина Кисела Вода

t

Четириесетина сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода од утрово се на терен. Едновремено, низ сите месни и урбани заедници се косат нараснатите тревни површини. Се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат во парковите и на другите локации предвидени за одмор и рекреација.

Пред само две седмици заврши и големата акција која се спроведуваше со Град Скопје, преку која јавните препријатија темелно ги чистеа поголемите улици кои се во нивна надлежност, а редовното расчистување на локалните улици и мини депониите од страна на Општина Кисела Вода непрекинато тече.

Акцијата за косење на тревните површини и уредување на парковското зеленило продолжува и во наредниот период. Како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски, подобрената услуга од комуналните служби ќе резултира со чисти улици и средени паркови, со чиста и зелена Кисела Вода, како што доликува на една модерна општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Велика Британија зголемена стапката на смртност…

Во Велика Британија по завршувањето на пандемијата,…

Eве која е најдобрата замена за кафето

Ко би пиеле чај колку и кафе,…

Нетанјаху: Ќе ги научиме лекциите, но часовникот…

Но, нагласи тој, копнената операција на ИДФ…

Херзи Халеви, ја презеде одговорноста за убиството…

Заложниците беа убиени иако вееја импровизирано бело…

Голем е Синиша Михајловиќ: Одличен гест од…

Фудбалерите на Сампдорија на денешната средба од…