Објавено на:

Се мрдна народов: Пукал кон деца му краделе цреши

t

Шеесет и девет годишен жител на Свети Николе е приведен откако пукал со воздушна пушка од терасата на својот дом кон неколку деца кои береле цреши од дрво во неговиот двор, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 16 мај 2025 година во 14:00 часот на улицата Питу Гули во Свети Николе. Според информациите од СВР, осомничениот В.И. (69) бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе. „Лицето од тераса на својата куќа испукало со воздушна пушка кон неколку малолетни лица кои береле цреши од дрво кое се наоѓа во неговиот двор. Повредени нема, а по преземените мерки тој е приведен“, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – за „предизвикување општа опасност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск: Америка ќе банкротира без роботи и…

САД би можеле да се соочат со…

Тодор Живков до Колишевски: Ако изјавам дека…

Во 19 часот, три часа по завршувањето…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче проговори за скандалот тежок 37…

Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко…

Кос не би ѝ понудила на Македонија…

Еврокомесарката вели дека би сторила сè Македонија,…

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата…

Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија…