Се нормализира железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

t

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.

– Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 01.30 часот. Првиот воз замина за Кумано во 4.57, изјави за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

Димовски најави дека ќе продолжи дијалогот со раководството.

Спорд Димовски, во тек на бојкотот, што почна вчера во 13.30 часот, биле стопирани сообраќања на пет патнички воза, два за Битола, и по еден за Куманово, Гевгелија и за Велес, додека кај товарните возови немало застои освен задоцнувањата поради активности на пругите.

До раководството на железникото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“

Зголемен број возила се регистрира на патиштата…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречно…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по влажни…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Сообраќајот во државата се одвива непречено по…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Почнува прославата по повод Денот на албанското…

Поради прославата на Денот на албанското знаме,…