Се обидуваше да биде поголем вмровец од вмровците, вели Бучковски за Димитриевски

t

Поранешниот премиер и екс-министер Владо Бучковски вчера ги анализираше податоците околу падот на гласовите на ЗНАМ и Максим Димитриевски во споредба на првиот круг од претседателските избори со парламентарните избори. Според Бучковски, се случи метеорски успех, но и метеорски пад за десетина дена. Тој смета дека Димитриевски водеше погрешна кампања.

-Се обидуваше да биде поголем вмровец од вмровците и очигледно дека дел од неговите поддржувачи се одлучија да го изберат патот кој води до изворот, а не од околу кој што води до него. За првпат откако ВМРО-ДПМНЕ победува, нема да му треба некој голем мост за да дојде до мнозинството. Да се потсетиме, во 1998 година тоа беше Демократска алтернатива, а во 2006 колку и да се лути Тито Петковски, без него не можеше да се направи мнозинството. Сега тоа може комотно да го направи. Дури не му ни треба ЗНАМ на ВМРО-ДПМНЕ, иако претпоставувам дека ќе ги земат бидејќи ќе им треба и другото мнозинство од 2/3 што изгледа возможно, рече Бучковски во емисијата на „360 степени“.

Движењето ЗНАМ на парламентарните избори освои 56.288 гласови и ќе има шест пратеници во новиот парламентарен состав. На првиот круг од претседателските избори, за кандидатот за шеф на државата, Максим Димитриевски, гласаа 83.856 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отиде jaбана: Владата го paзpeши Бучковски

Владата на денешната седница го разреши поранешниот…

Бучковски е убеден дека Бугарија ќе ја…

Специјалниот пратеник на македонската влада за решавање…