Се огласија од МОН, велат учебници ќе има пред почетокот на учебната година

t

Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година.

-Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани.

Паралелно до училиштата се врши и достава на учебниците по сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран и ќе заврши до крајот на утрешниот ден, Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училишен ден, велат од МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…

ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…