Се огласија од МТСП: Вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ по настанот со наводното исчезнување на дете
Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за наводно исчезнување на дете од градинката „Детска Радост“ во општина Гази Баба информира дека е контактирано со директорката на градинката и дека на негувателката и е издадена писмена опомена.
Министерството за труд и социјална политика во врска со настанот за кои пишуваат медиумите, за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, а во насока на целосна и точна информација и расветлување за настанот, информира дека е запознаено со случајот и од комуникацијата со директорката на предучилишната установа, информираме дека истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено веднаш од родител во згрижувачката група, наведува МТСП во денешното соопштение.
Согласно ингеренциите на директорката на градинката, како што е посочено во соопштението, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот.
Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето, велат од МТСП.
Оттаму посочуваат дека инспекциските служби на МТСП ќе извршат вонреден инспекциски надзор согласно нивните ингеренции, за утврдување на фактичката состојба за настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете во детска градинка во Радовиш се…
Вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш,…
Девојченце физички нападнато од негователка во градинка!…
Девојче е физички нападнато од негователка во…
Хаос во Загреб: Пожар опустоши детска градинка,…
Денеска во Загреб избувнал пожар во градинка…
Охрид СОС: Со новиот ДУП за градинката…
Новиот детален урбанистички план за објектот на…
Герасимовски: Градинката Пролет изградена по светски стандарди,…
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира…