Објавено на:

Се огласија родителите на Данка: Како среќниот живот се претвори во кошмар

t

Семејството на убиеното девојче Данка Илиќ од Бор раскажа како живеело пред да им се случи трагедијата. 

Мајката и таткото на Данка, Ивана и Милош, првпат заедно проговориле за кобниот 26 март кога ја загубија ќерка си, објави српски Мондо.

„Поради сѐ што е кажано за нас и поради тоа што двајцата како родители сме клеветени на најлош можен начин, рековме дека јавно ќе зборуваме кога ќе се реши случајот, односно кога ќе ја дознаеме целата вистина за исчезнувањето на нашата ќерка Данка“, изјавил Милош.

Ивана и Милош раскажаа како нивниот среќен живот одеднаш се претворил во кошмар.

„Како мислите дека ни е? Како ни се душата и срцето? Како ни е без детето? Како ни е кога синот нѐ прашува каде е сестра му, кога вели: „Мамо, каде е Данка?“, а таа е не таму“, рекла Ивана со безнадежен поглед.

На прашањето да опишат како исчезнала Данка и која е вистината за нејзиното исчезнување, родителите гласно рекле дека „сѐ е лага“.

„Освен што многумина ја бараа, тоа не е лага. Ивана е добра мајка, а јас сум добар татко, но вистината сѐ уште не е откриена. Монструмите се уапсени“, рекол Милош.

Тие не прифаќаат сочувство, затоа што телото не е најдено. 

„Тој ден ги зедов Данка и син ми со намера да си играат на местото каде што пораснав и каде што имам најубави спомени. Таму имав прекрасно детство. Страшно е некој да се сомнева во мене само бидејќи ги однесов децата на место кое ми е толку важно“, рекла Ивана.

Повторила, како и во полиција, дека девојчето исчезнало додека отишла до нејзиниот автомобил паркиран од другата страна на патот за да му земе шише вода за синот и раскажала дека била шокирана кога не го видела детето што го оставила да си игра и кое претходно не се обидело да излезе од дворот.Милош бил на работа во моментот на исчезнувањето на неговата ќерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи таткото на исчезнатата Данка: „Злато…

На социјалната мрежа Фејсбук се огласи Милош…

Во Вања било пукано, причина е изнуда…

Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била…

Дали семејството на Путин се крие во…

Владимир Путин ги сокрил членовите на своето…

Се скарал со семејството, се заканувал па…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…

Го врзувале ментално оболениот син, починал откако…

Јапонската полиција уапси тричлено семејство поради врзување…