Се огласи и Господин Попоски – Дајте го потписот за мене, за враќање на името Република Македонија
Вевчанецот Господин Попоски во краткото интервју за Супер радио и OhridPress вели дека ако влезе во изборната трка ќе се залага за враќање на името на Република Македонија и за раскинување на Охридскиот рамковен и договорот со Бугарија.
Истакна дека ќе се залага за сите граѓани без разлика на припадност, но и за намалување на бројот на министерствата, младите да останат и да работат тука, да не заминуваат во странство.
Додаде дека ако влезе во трката за претседател на државата ќе бара уште на првиот ден од кампањата со останатите кандидати да излезат на телевизиски дуел и да презентираат што им ветуваат на граѓаните.
Со оглед на тоа што сѐ уште не го има собрано потребниот број потписи, тој ги повика сите граѓани масовно да излезат и да го поддржат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…