Се огласи и Лазаров: Вели ова било нашата реалност
Селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров посочи после новиот убедлив пораз на СП во Полска и Шведска, трет во групата од Аргентина, дека сепак ова е реалноста на селекцијата, иако не очекувал убедливи порази.
Македонија загуби со 26-35 од Аргентина во неверојатно бледо издание без жар.
„Аргентина заслужи да победи. Ова е нашата реалност. Пред ова СП, бевме рангирани последни, они беа пред нас. Во овој момент тие се подобри. Видовме дека оваа Македонија, новиот тим, новите млади играчи, осуммината дебитанти, треба многу повеќе да работат за да напредуваат.
Не очекував победи на ниту еден од трите меча, но не очекував да губиме со двоцифрена разлика на секој натпревар. Играчите не знаеја да играат како што се договоравме. Не сум задоволен, треба многу повеќе работа во иднина“, рече Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…