Се огласи разрешениот директор од кардиохирургија: Разрешувањето е незаконско, изнесени се невистини

t

Разрешениот директор на Клиниката за Кардиохирургија, Марјан Шокаровски се огласи по денешната прес-конференција на министерот за здравство, Илир Демири и соопштението дека се разрешува од функцијата. Во краток разговор за „Локално“ вели дека неговата смена е противзаконска.

-Слушнав дека постојат наводи на министерот во заминување дека сакал да ме разреши што е спротивно на сите постоечки закони и уставот на Македонија. Имено изборниот законик е дециден дека до формирање на новата влада, техничкиот министер нема ниту такви овластувања ниту можност, дотолку повеќе тоа претставува кршење на законот. Се надевам институциите ќе се држат до почитување на постоечките закони, истакнува Шокаровски во одговорот.

Што се однесува до, како што вели, гнасните лаги и клевети околу наводите за зголемена смртност на Кардиохирургија, со што сакаат да се уништи една од најдобрите и најуспешни приказни во јавното здравство, „јас и стручниот колегиум на Клиниката во тек на наредните денови ќе излеземе со официјален демант и точни резултати околу невистините кои периодов беа лиферувани во јавноста“, истакнува Шокаровски во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинска „Страна„: Екс-министер за здравство вмешан го…

Украинскиот портал Страна објави дека поранешниот заменик…

Сали Бериша останува „персона нон грата“ во…

Поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша останува непожелен…

БРАВО! Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија…

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ освои златен медал и стана…

Драма кај Марков манастир: Жител на Студеничани…

На 16.06.2024 околу 22.10 часот во с.Варвара,…

(Видео) „Кобрите“ во последен момент го спречија:…

На социјалните мрежи се шират видеа од…