Се огласи Стејт Депатментот за Македонија: Политичарите да престанат да се мешаат во правосудството

t

САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, одговориле од прес-службата на Стејт департментот, на прашањето на Гласот на Америка на македонски дали САД се една од петте држави што обезбедиле меѓународна правна помош за прибавување докази во истрагата за „Скопје 2014“.

Основното јавно обвинителство во петокот соопшти дека спроведува истражна постапка против 15 физички и 7 правни лица за злоупотреба на службена положба и перење пари за 11 споменици, при што наводно биле испрани над 16 милиони евра буџетски пари.

„Борбата против корупцијата во Западен Балкан е главен приоритет на администрацијата на Бајден. САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал, искоренувањето на корупцијата, зголемувањето на транспарентноста, спроведувањето на одговорноста и дополнително зајакнување на владеењето на правото и демократските институции“, изјави портпарол на Стејт департментот.

Во изјавата стои дека „лидерите на Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…

Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…

Џенсен Хуанг имал интимна врска со уште…

Поранешниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг,…

Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…

Прекин во услугите на Microsoft на 12…