Објавено на:

Се огласи ФФМ: Однесувањето на Даку е ужасно – мора да им се извини на Македонците!

t

Фудбалската федерација на Македонија по повеќе од 15 часа излезе со реакција на однесувањето на Мирлит Даку на Европското првенство во натпреварот против Хрватска.

Даку преку мегафонот по завршувањето скандалозно скандираше и испраќаше пцовки кон Македонците. ФФМ го осуди ваквото однесување, побара извинување, но исто така е испратен и допис до УЕФА.

Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот.

Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит.
Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика.

Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти. Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место“, стои во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ова е веројатно најстуденото лето во следните…

По екстремните топлотни бранови и поројните дождови…

72-годишна мајка нападната од ќерката, татко повреден…

Серија случаи на семејно насилство и инциденти…

Медузи ги запреа трите реактори на една…

Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…

Судијата што се спротивстави на Орбан е…

Важи за еден од најценетите унгарски правници,…

Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?

Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…