Се огласи ќерката на загинатиот скопјанец: Се зацрни уште една фамилија, ќе има ли крај на ова?
Шеесет и осумгодишниот J.Н вчеравечер излегол од својот дом за да го фрли ѓубрето, но не успеа да се врати дома. На пешачка зона пред зградата каде што живее, беше прегазен од мотоциклист, кој по несреќата се дал во бегство и се уште не е достапен на органите на прогонот.
На социјалните мрежи се огласи ќерката на загинатиот која напиша:
„Ми го прегазија татичко свирепо на пешачка зона на кеј, пред сопствениот прозор. Се зацрни уште една фамилија. Дали ќе има крај на ова, до кога се прашуваме, до недоглед!!! Дали е тоа место за возење на мотори!? Ќе ми фалиш бескрајно, еден дел од мене засекогаш згасна“, напиша таа, додавајќи дека семејството ќе бара правда за својот татко.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…