Се одржа Конвенција по прва помош на која учествуваа општинските организации на Црвениот крст од целата држава

t

КОНВЕНЦИЈА ПО ПРВА ПОМОШ

Во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со општинската организација на Црвен крст Битола и општина Битола, денес се одржа Конвенција по прва помош на која учествуваа општинските организации на Црвениот крст од целата држава. На настанот кој се реализираше по повод Светскиот ден по прва помош, беа промовирани културата и традицијата на општините учеснички во активностите, а беа претставени и показни и симулациски вежби по прва помош на 14 локации, од Саат кулата до Офицерскиот дом. Граѓаните имаа можност да се едуцираат за прва помош при спасување на живот, белодробно оживување, прва помош на скршеници, помош при епилептични напади.

Присутните гости, волонтери и градоначалници од другите општини, ги поздрави Генералниот секретар на ЦКРСМ Саит Саити, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Претседателот на ООЦК Битола Лилјана Ристевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…