Се “осоколија”: Косово нема да го жртвува својот суверенитет за меѓународните интереси!
Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, денеска изјави за КТВ дека Косово „не може да го жртвува мирот и својот суверенитет заради меѓународните интереси“.
Според него, целта на меѓународната заедница е да ја заштити Србија од влијанието на Русија, а за тоа бара од косовската влада да го жртвува својот суверенитет.
„Владата на Косово нема да го жртвува својот суверенитет заради меѓународните интереси, за Србија да излезе од руската орбита“, изјави Бислими.
Тој оцени дека меѓународната заедница, доколку сака да го казни Косово, ќе го стори тоа без оглед на тоа што ќе одлучи владата на Курти.
„Доколку постои волја на меѓународната заедница да воведе казнени мерки за Косово, тие ќе бидат наметнати без оглед на нашите одлуки“, рече Бислими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…