Се откажува протестот за уставобранителите – Немало да се постигне ништо…

t

Болката е огромна брат, револтот не стивнува а тебе те нема веке! Кога човек е револтиран, кога болката е невозможна за да се трпи може се да биде. Сѐ ќе направев да можеше да те вратам, но не бива! Денес сме ти потребни како никогаш досега, но денес сме си потребни како никогаш до сега.

На другите!

На тие што останаа!

Потсет? Ден, два, три….ќе заврши! Ќе те врати? Нема! Само ќе ја засили фрустрацијата и поделеноста во општеството! Затоа, бараме единство и институционална разрешница! Само така ќе ти се оддолжиме, само така ќе бидеш горд на нас!
Тука не запираме, не слушнаа со само еден повик – толку брат има луѓе со тебе, толку Македонија мисли на браќата уставобранители!

Протестот нема да се одржи сега!

Понесен од емоции за братот Југ и желбата сите наши браќа побрзо да бидат на слобода објавив и закажав протест.
Сите ми се јавивте, сите ме прашавте дали протестот е решението?

Знам дека Не, стотици протести сме одржале, ден и ноќ по улици сме присуствувале но корумпираното судство, луѓето на побегуљата која се топли во Дубаи само нив проблем им прави.

Има надеж за браќата, им се ближи крајот на корумпираните судии. За браќата знаеме, треба институционална разрешница, протест пред парламент нема да донесе никаква разрешница а ние се бориме да има правда – запомнете, тие терористи не се, Македонското име цена нема и затоа уставобранителите уште крварат, уште за Македонија дишат.

Нам денес не ни се потребни поделби туку единство, обединетост како никогаш досега. Ние сега конечно сме на прав пат, а за браќата до смрт!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреј Лазаров ќе живее вечно: Промовирана книга…

Споменот за Андреј Лазаров доби уште едно…

Папата се сретна со жртви на злоставување…

Во Лима, папата Лав се сретна со…

Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…

Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

Љупчо Пренџов избран за заменик генерален секретар…

На вчерашната седница на Извршниот Комитет на…