Се очекува првиот снег во Македонија: Минусни температури во Лазарополе и Попова Шапка

t

Утрово на Попова Шапка и во Лазарополе е измерена најниска температура од -1 степен. Следат Берово со 0 степени, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија.

Според УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Метеорологот Славчо Поповски најави дека наскоро се очекува првиот снег на повисоките планини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремната жештина во Европа предизвика 16.000 смртни…

Една недела на неподносливи горештини што ја…

Поларен бран со снег го погоди Нов…

Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд,…

Снег завеа во делови од Балканот

Ненадејните снежни врнежи на Златибор кон крајот…

(Видео) Делови од Бугарија под снег

Делови од Бугарија се разбудија со снег.…

2,5 метри снег наврна на планина во…

Иако календарски веќе започна пролетта, олимписката планина…