Се подготвува голем инцидент: Бугарската Фондација Македонија ќе носи автобуси до Свети Спас!

t

Бугарскиот провокатор, шовинист и фашист, Виктор Стојанов на својот Фејсбук профил најави дека бугарската Фондација Македонија на 4 февруар ќе организира превоз со автобуси на Бугари кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на даскалот, Гоце Делчев.

Тој ги повикува сите Бугари да ја прославата 151 годишнината од раѓањето на Делчев за кого Стојанов пишува дека е Бугарин.

-Фондацијата Македонија ги поканува сите Бугари, бугарските политички партии и невладини организации заедно да прославиме 151 година од раѓањето на бугарскиот национален револуционер Георги Делчев во Скопје! На 4 февруари (сабота) во 12 часот по локално време (13 часот бугарско)! Обезбедивме превоз со автомобил за оние кои сакаат да дојдат! Повелете масовно во Скопје да го прославиме сите заедно нашиот народен херој Георги Делчев !!!

Очигледна е идејата за да се испровоцира инцидент имајќи во предвид дека тензиите помеѓу двете држави се највисоко ниво, а Стојанов е еден од најнепосакуваните ликови во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…

Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…