Се подготвува нешто: Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давковa денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во разговорот со украинскиот претседател Зеленски, претседателката Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот кабинет, ја нагласи нашата цврста и недвосмислена поддршка кон Украина во однос на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија. Осврнувајќи се на меѓународното право, принципите на Повелбата на ОН и Статутот на Советот на Европа, претседателката рече дека украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство во справувањето со историскиот предизвик со трајни и несогледливи последици.

Двајцата соговорници разменија мислење и за претстојниот Самит чиј домаќин ќе биде Швајцарија, чија цел е да создаде рамка поволна за сеопфатен и траен мир во Украина.

Претседателот Зеленски во текот на разговорот ја покани претседателката Сиљановска Давкова да ја посети Украина, за што тие дополнително ќе се консултираат на Самитот во Швајцарија.

За време на разговорот беа нагласени одличните односи меѓу двете земји, карактеризирани со идентични вредности, меѓусебна почит и разбирање, силно потврдени со континуираната соработка во сите области од заеднички интерес. Претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Зеленски ја реафирмираа посветеноста од натамошна заемна поддршка во меѓународната дипломатија, во насока на исполнување на европската аспирација на двете држави.

Телефонскиот разговор со претседателот Зеленски, претседателката Сиљановска Давковa го оствари од Рим, за време на нејзината посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени возачи кои возеле без дозвола, меѓу…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Москва ја прозва Холандија по нападот врз…

Руската амбасада во Хаг реагираше откако „Дестинус“…

Канал 13: Според Нетанјаху „нема начин да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на затворени безбедносни…

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а…

Полската гранична полиција, разузнавачките служби и елитните…

Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…

Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…