Се потврдуваат информациите на Инфомакс: Јотова во ресенското село Евла! Мицкоски мисли дека посетата не е провокација!

t

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова вечерва во посета на ловечка куќа во селото Евла, Ресенско, за кое Инфомакс веќе извесно време пишува дека се вршат притисоци за бугаризација на населението, но и за можно отварањее на нов бугарски клуб во Ресен.

“Реконструкција на туристички објект во битолскиот регион – Бугарски ловни традиции од времето на Цар Самоил до денес.”

Ова е називот на проектот што го доби сопственикот на Ловечкиот дом во ресенското село Евла, за негово доопремување како ресторан. На таблата пред објектот пишува дека проектот се реализира со бугарска помош за развој од Министерствто за надворешни работи преку Генералниот конзулат на Бугарија во Македонија.

Сопствееникот Нуамче Ставревски за локалните жители е познат како “Волкот”, а жител на селото ексклузивно за Инфомакс претходно кажа дека ловечката куќа е често посетувана од страна на бугарски државјани, но и официјални делегации, како онаа на Јотова денеска.

Јотова го посетува регионот на денот кога Битола го одбележува Денот на ослободувањето од бугарскиот фашистички окупатор.

Додека локалното население ова го смета за провокација, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не верува оти посетата на Јотова е провокација.

„Доколку нема чесна намера и ако  оваа посета се корисит за политичка провокација, оваа посета треба да биде осудена од сите. Но јас се надевам дека посетата е со добра намера и не е со намера да се провоцира“, рече Христијан Мицкоски.

Повеќе за обидите за бугаризација во Евла може да прочитате на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…