ЕКСКЛУЗИВНО: “Или ќе извадите бугарски пасоши или иселете се од селото!” Принудно се бугаризираат жители на Евла – Ќе никне нов бугарски клуб во Ресен?!

t

Или ќе извадите бугарски пасоши или иселете се од селото, сменете лична карта.
Ваква закана добиле жителите на селото Евла, Општина Ресен, од страна на “македонски Бугари” во селото.

Во Македонија во изминатите неколку месеци се отворија два бугарски културни клубови, првиот “Иван Михајлов” во Битола, вториот “Цар Борис Трети” во Охрид, во процедура за отварање е и клубот “Цар Фердинант” во Богданци, а неофицијално “Инфомакс” дознава дека се подготвува отварање на четврт клуб во земјава, овојпат во Ресен.

Во разговор со жител на селото Евла, Ресенско, Инфомакс дознава дека бугарски делегации редовно го посетуваат селото и се среќаваат со човекот кој локалното населеие го нарекува “Волкот”.
“Волкот” има ресторан во непосредна близина на селото кој го отворил откако се вратил од печалба во Канада, а местото според локалното население е редовно посетувано од Бугари кои договараат бугаризација на населението и тоа по пат на принуда и отварање на културен клуб и во Ресен.

Жителот на селото вели дека цело село му помогнало на “Волкот” да го отвори ресторанот на кој според фотографиите до кои дојдовме се истакнати знамињата на Канада, Македонија и Бугарија.

Како што кажува жителот на селото Евла, “Волкот” и уште неколкумина ги принудуваат локалните жители да извадат бугарски пасоши, а оние кои се спротивставуваат им кажале да се иселат и да си променат адреса во личните карти.

Инаку, како што претходно споменавме, “Волкот” одреден период бил на печалба во Канада, а по враќањето во селото “се просветлил” и станал најголем Бугарин, па сега дури и им се заканува на локалните жители.

Во ширењето на бугарштината низ Ресен му помага и човек, за кој жителите велат дека нема закон кој не го прекршил но познато за него е дека меѓу другото големиот “Бугарин” е и педофил, а населнието го нарекува “Кољо Дијамантот” и за него велат дека е шпион ама не само бугарски, туку и грчки и албански.

Ова се случува во 21 век, кога секој човек има право на самоопределување, а Македонци добиваат закани дека ќе ги иселат од родните огништа доколку не извадат бугарски пасоши за некој да си го наполни џебот, а нашиот источен сосед да си оствари уште една точка во агендата за бугаризација на Македонија.

Македонските власти, премиерот, минситерот за внатрешни работи, министерот за надворешни работи во нивните изјави го осудија ваквиот чин на отварање клуботи кои носат имиња на истакнати ликови од времето на фашизмот, а кои будат негативни чувства кај Македонците.

Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да ги истражат ваквите сведоштва на жители од Ресен и селото Евла и да преземат соодветни мерки за Македонците да можат да живеат како што доликува за 21-от век.

Воедно го повикуваме и МНР да истражи дали странски државјани се мешаат во внатрешните работи во Македонија и принудуваат Македонци да извадат бугарски пасоши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тешка несреќа во ноќен клуб во…

Четири лица се тешко повредени, а три…

Косово онлајн: Бугаризација на Горанците на Косовo

Голема загриженост кај автохтоните народи од муслиманска…

Земјотрес со епицентар во Преспа: Почувствуван во…

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,…

Сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен, сообраќајот е…

Вечерва од 20.45 часот на магистралниот пат…

Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…

Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…