Се појави птичји грип во Македонија, власта молчи

t

Се појави птичји грип во Македонија! – Е насловено соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до медиумите кое го пренесуваме интегрално:

„Власта молчи наместо да ја информира јавноста и да преземе итни мерки!

Иако една од првите работни посети на Љупчо Николовски се случи во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде намерата беше да се покаже институционалниот капацитет на ресорот, сите нивни медиумски напори паднаа во вода.

Р. Македонија за многу кратко време се соочува со уште една опака заразна болест, Птичји грип кај живината. Болеста е лабораториски потврдена во с. Злокуќани, Општина Карпош, но надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор. Јавноста не е информирана, НЦКБ (националниот центар за контрола на болеста) не може да се собере, а уште помалку да донесе сет на мерки, живинарските производни капацитети не се запознаени, а со тоа и не се ставени во состојба на зголемена претпазливост.

Што треба да се случи во државата за да најповиканите понесат одговорност. Живинарството е под закана на големи загуби. Агонијата во сточарското производство продолжува. Р. Македонија час поскоро мора да се ослободи штетните политики со кои СДСМ 5 години по ред носат безидејност и ниска продуктивност во македонскиот аграр.“ – Пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…