Се прават анализи за најповолно финансирање за доизградба на новата клиничка болница во Штип
Новата болница во Штип и понатаму на “стенд бај”. Со оглед на тоа дека преку договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, беа обезбедени средства за доизградба на новата болница во Штип, заедно со болниците во Кичево и Тетово и процесот на изразување на интерес на меѓународни финансиски институции за финансирање на овие три болници заврши на трети февруари годинава, па прашавме во Министерството за финансии, дали веќе е избрана најповолната понуда?
Министерството за финансии постапувајќи по заклучок на Владата во декември 2025 година достави барања до меѓународни финансиски институции и странски комерцијални банки за изразување интерес за финансирање на конкретниот проект. Во утврдениот рок до февруари се доставени повеќе одговори на кои во моментов се вршат анализи и Министерството за финансии по завршување на анализата ќе достави информација до Владата.
ТВ 24 праша и во ресорното министерство, до каде е постапката за доизградба на болницата и во која фаза се активностите за продолжување на градежните работи на терен? Но, и по две недели одговор на поставените прашања од Министерството за здравство не добивме. А граѓаните со апел што побргу да се пушти во функција овој објект, кој е од витално значење за 200 илјади жители од источниот регион.
Инаку, штипската болница се гради веќе цела деценија и сѐ уште не е целосно изградена. Секоја година политичките претставници ветуваат дека ќе ја довршат, но граѓаните никако да добијат нови, современи болнички објекти. Дали овој пат ќе биде поинаку, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Недоволна имунизација во Прилепско – опфатот далеку…
Прилепскиот регион се соочува со недоволен опфат…
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
26 пожари низ Македонија, 5 се активни
На ден 07.09.2026 година, до 18:00 часот,…
Средба на претседателот Гаши со катарскиот министер…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се…
Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ВТА-турнирот…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во…