Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

t

Ние ќе го направиме сето она со што може да се ограничи цената, а што нема да влијае на дисбаланс на пазарот, бидејќи потврдивме и покажавме дека може да се направи, а притоа да нема недостиг на пазарот, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Правиме анализи за сите производи, дел од тие анализи се готови, меѓутоа мора да бидат усогласени и со други министерства. Во моментот работат Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, нормално во соработка со производителите и со преработувачите, за да може да бидат донесени одлуки коишто ќе бидат добри и во интерес на граѓаните, меѓутоа и на вработените во фабриките што произведуваат, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје.

Тој додаде дека не може да се каже дека за една група на производи може да има една мерка, бидејќи, како што рече, во секој производ постојат артикли од коишто дел се произведуваат кај нас, меѓутоа дел се од увоз.

– Затоа и кога ќе ги видите мерките за лебот се знае на кои типови на леб цената е замрзната. Исто така, кога зборуваме за тестенини се знае за кои типови на тестенини е намалена цената за 15% и исто кај млечните производи кај кој е намалена за 10%, прецизира Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…