Се празнува Свети Епифаниј, епископ Кипарски

t

Роден како Евреин, но кога ја виде силата на Христовата вера, се крсти заедно со сестра му Калитропија. Во неговата дваесет и шеста година се замонаши во манастирот на Свети Иларион.

Подоцна основа засебен манастир, од каде што се прочу по сета Палестина и по сиот Мисир заради своето подвижништво, духовна мудрост и чудотворство. Бегајќи од човечка слава се оддалечи во Мисир. На патот се сретна со великиот Пафнутиј, којшто му прорече дека ќе биде архиереј на островот Кипар.

И навистина, по повеќе години, по Божја Промисла, Епифаниј дојде на Кипар, каде што ненадејно го избраа за епископ во градот Саламина и како епископ управуваше со Црквата Божја педесет и пет години. Живееше на земјата сто и петнаесет години и се упокои од овој живот за вечно да живее во Царството Христово.

Пред смртта беше повикан во Цариград од царот Аркадиј и жена му Евдоксија, на собор на епископи којшто требаше според желбата на царот и царицата да го осуди Свети Јован Златоуст. Граѓаните слушнаа, слушна и Златоуст, како божем Епифаниј да се согласил со царот против Златоуст.

Затоа Златоуст му напиша писмо: „Брате Епифаниј, чув дека си го посоветувал царот да бидам прогонет. Знај дека ни ти веќе нема да го видиш твојот престол“. На тоа Епифаниј му отпиша: „Страдалнику Јоване, одолевај им на навредите, знај дека и ти нема да стасаш до местото каде што те гонат“.

И обете светителски пророштва се обвистинија набрзо: не сакајќи никако да се согласи со царот околу прогонството на Златоуст, Епифаниј тајно седна на кораб и тргна за Кипар, но на бродот умре; а Златоуст го протера царот во Ерменија, но тој по патот умре. Свети Епифаниј се упокои во 403 година.

Од неговите многубројните напишани дела најпознато е „Ковчежето“ (на грчки „Панарион“), во коешто се изложени и побиени осумдесет ереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Антипа, епископ…

Се спомнува во книгата на Откровението како…

Денеска се празнуваат Светите маченици Теренциј, Африкан,…

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на…

Денеска се празнува Животоприемен извор

На овој ден се празнува обновувањето на…

Денеска се празнува Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со…

Денеска се празнува Преподобен Јован Лествичник

Писателот на прочуената Лествица. Дојде на Синајската…