СЕ ПРЕВРТЕЛ БАГЕР: Тешко повреден градежен работник од позната градежна компанија во Скопје!
Градежен работник е тешко повреден за време на работни активности при изградба на објект во близина на руската амбасада во Скопје, дознава Инфомакс.
Според првичните информации кои ги добивме станува збор за објект во изградба кој, неофицијално, го гради компанијата БИСИ, а несреќата се случила откако се превртел багер заедно со работник во него.
Настанот го потврди и МВР, но не даде детали за истиот.
– Во 15.33ч. во СВР Скопје е пријавено дека на ул.Пиринска во Скопје на објект во изградба, при вршење работни задачи, Т.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски, велат од МВР за Инфомакс.
Не можевме да добиеме коментар и потврда или демант за настанот од компанијата БИСИ, бидејќи контакт телефонот кој е оставен на нивната бев-страница беше исклучен.
Очевидци на настанот велат дека вработениот е тешко повреден
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…