Се продава како печеница, а месото е од трета категорија – АХВ откри големи отстапувања

t

Контролите на сувомеснатите производи покажуваат уште полоши резултати од оние кај млечните производи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. И во овој случај се откриени отстапувања меѓу декларираниот и реалниот состав на производите, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда. Наодите ќе бидат објавени по комплетната обработка на земените примероци, пренесува Телма.

„Првичните резултати покажуваат дека кај сувомеснатите производи отстапувањата се многу поголеми од она што е утврдено кај млечните производи. Се додава вода, кај производи со заштитен назив, како печеница, која треба да биде чист мускул. Не може печеница да ја декларира. а при тоа да има парчиња месо од трета категорија и со хемиска состојка залепени и да се продаваат како печеница. Тоа е злоупотреба и измама на потрошувачите“, вели Светлана Колариќ од АХВ.

Довербата на граѓаните во квалитетот на храната одамна е нарушена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се продава како печеница, а месото е…

Контролите на сувомеснатите производи покажуваат уште полоши…

Скандалозни наоди во ИЈЗ: ДКСК отвори предмет…

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)…

Украина и Молдавија започнуваат преговри за членство…

Унгарија сигнализираше дека ќе се откаже од…

(Видео) Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот,…

Македонија да не ги заменува, уништува и…

Мицкоски на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват

Утре 05.06.2026 година (петок) претседателот на Владата…