Се прошири пожарот кај селата Владевци и Трибичино во Општина Василево
Пожарот што започна вчера во попладневните часови на територија на Општина Василево, кај селата Владевци и Трибичино, на висок и непристапен терен и ридско карпест релјеф обраснат со висока сува трева и нискостеблеста мешана шума, во текот на денешниов ден околу 13.30 часот поради силината и променливиот правец на ветерот повторно се разгорува и проширува, но не во правец кон селата, туку кон сртот на ридот и странично кон доловите, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, на терен во справување со пожарот се екипи на на ЈП „Национални шуми -Подружницата Струмица“, како и екипи на ТПП Струмица.
– Имајќи ги предвид условите каде во моментот е локацијата на пожарот, непристапниот терен, лошата патна инфраструктура, како можен пристап до локацијата на пожарот, дотурот на вода и можноста за пристап и гасење со специјализирани теренски возила, градоначалникот на општина Василево побара воздушна подршка во процесот на гасењето на пожароо, посочуваат од ЦУК.
Во координација со Центарот за управување со кризи, се посочува во известувањето, субјектите во Системот за управување со кризи, кои во својот состав располагаат со летала специјализирани и наменети за гасење на пожари, како и градоначалникот на Општина Василево, договорено е по соодветна претходна процена, согласно претходно јасно дефинирана потреба, во текот на утрешниот ден рано наутро кога температурите се ниски да се реализира воздушна подршка до моментот на целосна ликвидација на пожарното дејство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…