Се работи да се овозможи целосно бесплатен јавен превоз за сите: Веќе е овозможен за некои категории на граѓани
Проектот за бесплатен јавен превоз е во фаза на спроведување, веќе е овозможен бесплатен превоз на одредени категории на граѓани и се работи на тоа во првите две години да овозможиме целосно бесплатен јавен превоз во Скопје, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување во “Жешко политичко лето”.
– Од голем број на причини треба да се спроведе оваа мерка. Ние ги разгледуваме сите опции, да можеме инфраструктурата да ја поставиме за да може да набавиме што е можно поголем број на автобуси имајќи го во предвид буџетот со кој располагаме.
Соочени сме и со оваа енергетска и економска криза. И Градот и ЈСП беа оставени во девастирана состојба и сега се консолидираат меѓутоа предизвиците се движат многу тешко од аспект на тоа дека се зголеми многу цената на енергенсите, нафтата, мазутот кои ги користат автобусите.
Отпочнавме со оваа реформа, озовможивме бесплатен јавен превоз за одредена категорија на граѓани, до средината на следната година планираме да овозможиме да се зголеми бројот на автобусите и како што ветивме во првите две години да има целосно бесплатен јавен превоз.
Проектот за БРТ не стои во место, преговараме неколку месеци со Министерството за финансии и Европската централна банка и сметам дека треба да се отстранат сите недостатоци кои им се на штета на Скопјани.
Не постои нешто кое треба да се направи набрзина туку треба да се направи квалитетно, вели градоначалничката Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…