Се разговарало за историјата на МПЦ: Охридската архиепископија била тема на Историската комисија
Вчера доцна попладне заврши дводневната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија која се одржуваше во Скопје.
Според информациите на „Фокус“, меѓу останатите прашања за учебниците во однос за средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура, станало збор и за Охридската архиепископија.
На оваа тема двете страни имале различни размислувања, но сепак целата средба поминала во мирна атмосфера и немало тензии.
Дискусиите на овие теми ќе продолжат на наредната средба, бидејќи до заклучок не е дојдено. Следната средба треба да се одржи кон крајот на наредниот месец, овојпат во Софија.
Охридската архиепископија може да стане уште една од жешките теми на Комисијата, со оглед на тоа што Македонската православна црква ја инкорпорираше во своето име и доби канонски статус, а другите цркви почнаа да ја признаваат нејзината автокефалност.
Бугарското гледиште на Охридската архиепископија е дека таа е бугарска црква и историска составница на Бугарската православна црква.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен…
Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди…
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…