Се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација на Скопскиот аеродром!

t

Се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром, со што од вчераутро контролорите не можат да ги гледаат авионите на мала висина, кога слетуваат. Од двата радара, едниот врз Контролната кула, другиот во нејзина непосредна близина, во функција бил само вториот, кој сега се расипа. – известува порталот Сакам Да Кажам.

Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, ќе мора контролорите да ги слетуваат авионите еден по еден. Ако се погоди истовремено и друг, трет авион за слетување, ќе мора да кружат малку на небо, додека не слета тој пред нив.

Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди директорот на М-НАВ Владимир Ристески, кој кажа дека работата ќе си се одвива како и досега, само со побавно темпо и оти најважно е што нема никаков безбедносен ризик со слетувањето и со полетувањето на авионите на Скопскиот аеродром.

„М-НАВ располага со 3 радарски глави. Една покрај Охридскиот аеродром и 2 на Скопскиот аеродром. Едната на Скопскиот аеродром е во моментов со технички квар кој е детектиран и се работи на негово отклонување. Ваквите технички кварови од електронска природа се нормални појави во авијација и кога се случуваат има предвидено соодветни безбдносни процедури во работата со цел да се продолжи со давање на услуги кон авио-компаниите во такви околности. М-НАВ ги применува токму тие процедури и во моментов НЕМА НИКАКВО БЕЗБЕДНОСНО ВЛИЈАНИЕ врз одвивањето на воздушниот сообраќај на Скопскиот аеродром. Единствена промена е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на 1 час. Овие регулации ќе останат на сила се до отклонување на кварот на радарската глава. М-НАВ вонредно ги ангажира своите стручни лица со цел што побрзо враќање на радарската глава Алениа – Бањски Рид во употреба“, вели претседателот на УО на М-НАВ Владимир Ристески.

Прочитајте повеќе на СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се расипа единствениот исправен радар во Контролата…

Се расипа единствениот исправен радар во Контролата…

Макрон го услови отворањето француска амбасада во…

Планираното признавање на Палестина од страна на…

Приведен Русин во Скопје откако агресивно се…

На 20.09.2025 околу 01:45 часот во Скопје,…

Левица: Мерко ги остави стружани без вода…

Поради неодговорното работење на локалните власти, застарената…

Израел го отфрла признавањето на Палестина, министерот…

Десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар…