Се распушта српското собрание, утре ќе бидат распишани изборите
Владата на Република Србија на денешната седница го усвои предлогот претседателот на Република Србија Александар Вучиќ да го распушти Народното собрание, јави дописникот на МИА од Белград.
-Доколку предлогот биде усвоен, со распуштање на Народното собрание владата ќе влезе во технички мандат. Секако, Владата на Република Србија ќе продолжи посветено да работи во интерес на сите граѓани, се наведува во соопштенеито на српската влада.
Во него се додадва дека сите свои активности во техничкиот мандат, владата ќе продолжи да ги врши со полн капацитет, согласно уставните и законските прописи.
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, како што соопшти порталот Нова.рс, утре треба да ги распише изборите за град Белград, додека, како што претходно беше најавено, претседателот на Србија истиот ден треба да ги распише и предвремените парламентарни избори, а почеток на претседателската трка ќе се распише на почетокот на март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…