Објавено на:

Се раѓа нова држава во Европа: Со амин од Макрон Франција ќе изгуби дел од територијата?

t

Корзиканските лидери воздржано ја поздравија понудата на францускиот претседател Емануел Макрон за преговори за автономија, додека противниците на Макрон сметаат дека тоа е капитулација и кршење на древниот принцип на унитарност на државата.

Лондонски „Гардијан“ објавува дека Париз би можел да понуди автономија за Корзика, сугерирајќи дека државата можеби би се согласила на олабавување на централизираниот стисок врз островот каде веќе неколку дека се одржуваат насилни протести.

– Подготвени сме да одиме до автономија – ете, и тој збор е изговорен, рече францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманан пред да отпатува за Корзика после немирите во кои беа повредени најмалку сто лица.

Со напомена дека простестите довеле до сериозна криза во Владата неколку седмици пред претседателските избори закажани за април, „Гардијан“ истакнува дека тоа е прв пат министер да спомене автономија за Корзика.

Корзика е остров со 330 илјади жители, што е поблиску до италијанското копно отколку до Франција. Барањата за поголема независност и статусот на островот долго предизвикуваа проблеми за Париз, а француските претседатели прашањето го туркаа под тепих. Макрон не успеа да направи исчекор по реформите и статусот на островот, што дополнително ги налути автономистите и националистите на Корзика.

Париз засега не изнесува детали околу предлогот за автономија, но, според „Гардијан“ расправата би можела да биде насочена кон испитување на можностите за востановување автономен статус што на Корзика би и дал одредени законодавни овластувања во областите на оданочувањето и локалниот економски развој, како и овластувања за станбените прашања на островот, познат по бројни викендички на нерезеденцијални сопственици.

Според француската телевизија „Франс 24“, насилствата на протестите овој месец биле иницирани поради претепувањето на корзикански затвореник, осуден за убиство на високиот островски функционер Клод Ерињак во 1998 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…