Се реализира стратешки проект од програмата на Град Скопје – отпочнаа испитувањата и студијата за магистралните водоводни цевководи

t

Се реализира стратешки проект од програмата на Град Скопје – отпочнаа испитувањата и студијата за магистралните водоводни цевководи. Со дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600 се исполнува уште едно ветување од програмата За модерно Скопје за изработка на студија која се прави за прв пат од изградбата на магистралните цевководи, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Вакви темелни испитувања од кои податоци ќе произлезе студија за магистралните водоводни цевководи не се направени 60 години. Водоснабдувањето на град Скопје се темели на значителни количини на вода кои се расположливи од двата каптажни објекти на изворот Рашче, а водата се движи преку двa челични цевководи. Се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел, состојбата на објектите кои се изградени за правилна експлоатација на цевководот односно армирано бетонските шахти со хидро машинска опрема, мостовската конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и останата заштита. Истакнувам голема благодарност на експертите и професорите од Машински факултет за сите заложби да добиеме прецизна студија за магистралните водоводни цевководи кои се изградени пред 60 години, а студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје.

Суштината на изработката на стратешката студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи, едниот кој оди по булеварот Партизански Одреди и вториот по булеварите Словенечка и Босна и Херцеговина. Имајќи предвид дека цевките се челични и се градени во пост-земјотресниот период одпочнато од 1964 година со анализа на нивната 60 годишна функционалност, со студијата би се добила детална слика за состојбата и би се оформиле насоки за идни потреби на инвестиции во овој сегмент за стабилно и сигурно водоснабдување. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…