Се роди белоглав мршојадец во скопската зоолошка градина
Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец, се вели во Фејсбук статусот на скопскаата зоолошка градина.
Овој вид е трајно заштитен во нашата држава, како еден од најзагрозените, а неговата улога во природата е доста значајна. Мршојадците се всушност наши еко чувари. Тие се хранат со трупови на мртви животни и со тоа спречуваат ширење на зарази. Женките птици најчесто се гнездат на ксрпи и несат по едно јајце, чија инкубација трае 48-53 дена. За продолжување на овој вид, се надеваме дека во скора иднина тоа ќе можеме да го правиме преку реинтродукција односно пуштање на млади единки во природа, со цел да спречиме истребување на белоглавите мрошојади на македонска територија каде што најчесто страдаат од човечки фактор со труење, хранејќи се со затруени животни од човечка рака. Искрено посакуваме што повеќе бебиња во домот на белоглавите мршојади во Скопје ЗОО, истакнаа од Скопје ЗОО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…