Се сеќавате на Дамијано Томази, легендарниот фудбалер на Рома? Сега стана градоначалник на Верона!
Се сеќавате на Дамијано Томази, легендарниот фудбалер на Рома од почетокот на овој милениум, кој беше неизоставен дел од тимот со Тоти, Монтела, Батистута, Кафу, Самуел во шампионската генерација од 2001 година?
Томази играше десет години за Рома и сега влезе во политичките води, зашто стана градоначалник на Верона. Роден е близу „градот на Ромео и Јулија“, а на локалните избори победи со 54,4 отсто од гласовите.
Инаку тој беше претседател на Синдикатот на фудбалери во Италија во периодот од 2011 до 2018 година, а сега седнува на градоначалничката функција. Инаку за Рома играше од 1996 до 2006 година, беше дел и Леванда, Квинс Парк, кинески Тијанин Теџа, кариерата ја заврши во Ла Фиорита.
Беше и италијански репрезентативец, кој со младата селекција во 1996 година стана европски првак, а потоа беше и сениорски репрезентативец на „аѕурите“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама порача дека Владата не се соборува…
Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Владата…
Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени…
Огревни дрва и две возила се одземени…
Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница…
Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради…
Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Мадрид…
ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред политичките конкуренти,…
ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички…