Се скараа Пандев и Панчев: „Maка му е што не настапуваше Европско првенство“
Пред натпреварот со Португалија, поранешната Златна копачка во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ даде провокаторски коментар за човекот кој ја однесе Македонија на ЕП и кој е рекордер со најмногу настапи и голови за националниот тим. Го пецна за поразот од Андора од пред 18 години.
„Придонесите на Горан Пандев за македонскиот фудбал се неспорни. Не треба да се заборави дека со неговиот гол во плејофот против Грузија отидовме на Европско првенство. Сепак, исто така загубивме од Андора со него во стартниот состав. Откако си замина тој, играчи како Елмас, Барди и Адеми можат уште повеќе да се развиваат, што е многу корисно за тимот“.
Пандев не општеше многу и за Фокус само кратко искоментира:
„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП“.
Во продолжение уште еднаш ги испофали фудбалерите.
„Дечките изгинаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…
Mирен протест во Богданци во чест на…
Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…