Се слави Свети Георгиј – Ѓурѓиц: Од него зависи каква ќе биде зимата, еве што не треба да правите
Денес (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска.
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.
Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби. Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.
Според народните верувања од утре до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.
Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.
За време на овие денови ништо од куќата не треба да се дава. Не треба да се преде волна и ништо не се пере.
Кројачите и чевларите одмараат, додека жените не треба да работат рачни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…