Се спрема теренот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал

t

Советот на јавните обвинители денеска ќе одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според дневниот ред на 50-тата седница, предвидено е формирање Комисија за подготвување кандидатски листи, како и Комисија за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК.

На огласот досега се пријавени петмина јавни обвинители, односно кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Организиран, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Огласот за избор на раководител на ОЈО ГОКК беше објавен согласно Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за Јавното обвинителство. Според условите, право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години.

Изборот е закажан за 28 октомври 2026 година, кога ќе биде избран наследник на досегашниот шеф Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…