Се сретнаа премиерите на Бугарија и Србија – Што кажаа за Македонија?
Премиерите на Бугарија и Србија, Ана Брнабиќ и Кирил Петков, по вчерашната средба, истакнаа дека Софија и Белград, меѓу другото, се заинтересирани за заедничкиот пазар на гас и енергија.
Премиерката на Србија на прес-конференцијата рече дека ќе оди понатаму на заеднички енергетски пазар, што ќе донесе поголема конкурентност на економијата на двете земји.
„Тоа би донело придобивки за сите нас и, меѓу другото, би можеле да изградиме повеќе капацитети од обновливите извори на енергија. Гледам дека можеме тоа многу бргу да го направиме“, рече Брнабиќ.
Премиерот на Бугарија изрази уверување дека Балканот, каде што живеат 65 милиони луѓе, со отстранување на границите и заеднички пазар на гас и енергија може да стане најбрзорастечки регион.
„Тоа е дел од нашата визија, потенцијалот постои“, рече Петков.
Според него, постои голем потенцијал за обединет пазар на гас.
„Верувам дека ќе успееме“, рече тој и додаде дека тоа подразбира поврзување со Македонија, Грција, Србија и со Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…