Се судрија возови во Бугарија – двајца луѓе загинаа, шестмина се повредени

t

Двајца загинати и шестмина повредени луѓе, од кои двајца се во критична состојба, е досегашниот биланс од директниот судир на два товарни воза во близина на бугарскиот главен град Софија, јавија локалните медиуми.

Железничката несреќа се случила околу 16 часот во предградието Кремиковци во бугарската престолнина. И загинатите и повредените се работници на „Бугарски железници“.

Љубомир Николов, шеф на Одделот за внатрешни работи на Софија во Министерството за внатрешни работи, за новинарите изјави дека во двата воза имало вкупно осум луѓе.

По судирот избувнал пожар во еден од двата воза, но тој брзо бил изгаснат. Николов изјавил дека возовите се движеле по ист колосек, најверојатно поради грешка во управувањето со сообраќајот. Едниот воз имал дизел-локомотива и превезувал метали, а другиот бил електричен и натоварен со мебел.

Неколку часа по железничката несреќа, привремениот бугарски премиер Димитар Главчев го разреши Бишер Минцев, заменик-министер за транспорт задолжен за железници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…