Објавено на:

Се судрија камион и возило во скопско, повредено 22 -годишно момче

t

22-годишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајка во скопско.

– На 22.07.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат од населбата Драчево кон село Зелениково, пред влезот за село Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од М.Х.(62) од с.Семениште, општина Сарај и патничко возило „сеат алхамбра“ без регистарски ознаки, управувано од Г.К.(31) од село Зелениково, скопско, информираа од полицијата во денешниот билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил О.С.(22) од с.Смесница, општина Зелениково, сопатник од возилото „сеат алхамбра“, а возачот Г.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор…

Турскиот претседател Таип Ердоган денес пред Генералното…

Макрон од говорницата на ОН предупреди дека…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето…

(Видео) Струмичката полиција откри нелегална плантажа и…

СВР Струмица реализираше акција во подбеласичкиот регион…

Недостиг на дел од горивата на француските…

Дел од бензинските пумпи во Франција остануваат…