Се судрија „мерцедес“ и мотоцикл во Охрид – едно лице е пренесено во болница
Тешко повреден мотоциклист од Охрид по судир со „мерцедес“.
На 19.05.2023 во 18.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од ул.„Железничка“ со ул.„Абас Емин“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Охрид и мотоцикл „априлија“ со германски национални ознаки, управуван од Д.Д.(39) од Охрид. Во несреќата мотоциклистот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…