Се судрија млад возач со „БМВ“ и мотоциклист, едно лице е тешко повредно
18-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во Струмица.
– На 09.02.2024 во 19.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство- eдинство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко, и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица, соопштија од МВР во дневниот билтен.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…