Се судрија трактор и „пасат“ во Тетовско, тешко повреден е сопатник на трактористот
МВР информира дека вчера во 17 часот и 10 минути било пријавено дека во близина на клучката за тетовско Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт 539“ без регистарски ознаки управуван од 33-годишниот И.Т. од тетовско Боговиње и патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 67-годишниот Ш.М. од тетовско Жеровјане.
Во несреќата, сопатникот од тракторот Г.Т.(60) од Боговиње се здобил со тешки повреди, а возачот на „пасатот“ поминал со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12:05“ му возврати на Филипче: Ти…
Венко Филипче со малата група се фракција…
Земјотрес почувствуван во делови од Македонија
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Сиљановска-Давкова на Европскиот самит во Салцбург –…
Во агендата на Сиљановска-Давкова се предвидени средби…
Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…