СЕ СУДРИЈА ТРИ ВОЗИЛА, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ; Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово
Две лица се тешко повредени, а уште едно полесно во сообраќајка меѓу три возила што се случила синоќа пред полноќ на автопатот Скопје – Тетово.
„На 11.09.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, на автопатот Скопје – Тетово, после клучка Волково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(35) од село Копаница, скопско, патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.З.(64) од Тетово и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(50) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.Љ. и сопатничка од возилото „рено клио“, С.З.(61) од Тетово, а со телесни повреди се здобил Ќ.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – соопштија од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…