Се трага по исчезнатата Аниса Ајро од Скопје

t

Веќе втор ден трае потрагата на младото девојче од Скопје, Аниса Ајро од Општина Гази Баба која  исчезна вчера рано изутрина одејќи на пат кон нејзиното училиште OУ Лирија во Општина Чаир.

Аниса била многу мирно и повлечено девојче кое немало тајни од семејството, па околностите на нејзиното исчезнување се многу чудни.

Според информациите кои ги добивме од нејзиниот родител, таа е првично пријавена во полицијата кај Бит Пазар од каде, рече, е испратен налог за брза интервенција во МВР.

Таткото Енгин потврди дека вчера утро Аниса се подготвувала да оди на училиште и тогаш последен пат ја видел бидејќи и тој тргнал на работа. Потоа на училиште една другарка постара од неа 2 години, ја повикала да излезе од наставата и оттогаш и се губи секаква трага.

Аниса во моментот на исчезнувањето носела црна јакна и кафеави панталони. Висока е околу 163 см.

„Се уште немаме никаков глас“ ни рече загрижениот татко во краткиот телефонски разговор. „Ако било кој ја види веднаш да повика полиција, да ја задржи! Нека ми се јават и мене на 072 232 983“ – апелира очајниот родител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…