Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

t

Семејството и надлежните институции трагаат по Божа Каракушева (77), која е пријавена за исчезната откако утрово го напуштила својот дом во скопското село Орешани.

Според информациите, Каракушева е родена на 15 декември 1949 година и последен пат била видена денеска, 26 јуни 2026 година, околу 08:30 часот, кога излегла од домот и не се вратила.

Последните сознанија укажуваат дека била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши.

Семејството апелира до граѓаните за помош во пронаоѓањето, посочувајќи дека Божа Каракушева боледува од деменција, поради што може да биде дезориентирана и да има потреба од итна помош.

Во моментот на исчезнувањето била облечена како на фотографијата направена утрово.

Доколку некој ја забележи или има каква било информација што би можела да помогне во нејзиното пронаоѓање, се замолува веднаш да го контактира семејството на телефон 078 358 839 или информацијата да ја пријави во најблиската полициска станица.

Секое сознание може да биде од големо значење за нејзиното безбедно пронаоѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…