Се укинyваат речиси сите мерки во Ирска, нема повеќе ниту ковид сертификати

t

Ирска утре ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки, откако големото зголемување на инфекцијата не доведе до значително зголемување на бројот на луѓе на кои им е потребна интензивна болничка нега, пренесува Ројтерс.

рска минатата недела имаше втора највисока стапка на инциденца во Европа, но исто така и една од највисоките стапки на добиени бустер дози, што помогна да се задржи бројот на сериозно болни луѓе далеку под претходниот врв, додава Ројтерс.

Јавните здравствени власти ја поддржаа одлуката, а владата одлучила дека баровите и рестораните повеќе нема да мора да се затвораат во 20 часот, ограничување воведено кон крајот на минатата година кога започна бранот омикрон. За влез во баровите и рестораните повеќе нема да бидат потребни сертификати за Ковид.

Отворените и затворените простори ќе се користат со полн капацитет. Некои мерки, како носењето маска во јавниот превоз и во продавниците, засега ќе останат на сила.

„Никој не мислеше дека ќе дојдеме до оваа точка во моментов. Многу ми е драго што можам да кажам дека од утре во 6 часот ќе бидат укинати повеќето ограничувања кои беа на сила речиси две години“, рече министерката за правда Хелен Мекенти.

„Мислам дека никој од нас не мислеше дека навистина ќе дојдеме до оваа точка толку брзо“, додаде таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невреме на британските острови: Откажани летови во…

Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…

Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…